Целото човеково тело е прекриено со клетки, но не сите се живи. Мртвите клетки кои веќе не вршат функција се заменети со нови, но не нужно се отстранети од телото. Честопати остануваат на површината на телото. Не вршат никаква функција, а може да предизвикаат проблеми како затнување на порите.
Отстранувајќи ги мртвите клетки од телото им дозволувате на функционалните, оние живите, соодветно да си ја вршат функцијата. Фоликулите на влакната добиваат простор за дишење, порите се чисти, кожата е мазна и мека, а тенот свеж и здрав.
Процесот на ексфолијација е различен за различни делови од телото. Додека петиците можете да ги ексолирате со камен, тоа не важи за кожата на лицето, зар не?!
Начини како да го исчистите лицето
- Хемиски пилинзи: Тие се тестирани, внимателно изработени и имаат задача да влијаат врз хемиските процеси на вашето лице, да ги одзатнат порите, да ги разложат мртвите клетки и да го осветлат тенот.
- AHA/BHA тонери и серуми: Првите имаат алфа хидроксилна киселина, а вторите бета хидроксилна киселина. Имаат блага структура, а се нанесуваат пред кремот за хидратација.
- Ексфолијатори за преку ноќ: Регенерацијата на кожата најоптимално се случува во текот на ноќта, додека спиете. Затоа, посегнете по некој ексфолијатор или крем со ретинол кој ќе ја врши таа работа додека сонувате.
- Физички скраб: Секако, постои и оваа добро позната опција. Скработ кој во себе соржи микро гранули чија работа е токму пилингот. Користете го 2-3 пати додека се туширате, па нанесете крем за хидратација.
Начини како да го исчистите скалпот
Причините поради кои се јавува првутот и опаѓањето на косата е токму проблематичниот скалп. Темелното чистење и масажа на скалпот ќе ги одзатне фоликулите. Освен тоа, ја поттикнува цикрулацијата. Секогаш можете да ги искористите ноктите и врвовите на прстите на добро да го исчистите скалпот, но можете да употребите и специјални дизајниран пилинг за скалп, кој веројатно има убав мирис.
Начини како да го исчистите телото
Најлесно за ексфолијација е телото. Земете кој било производ за пилинг на телото (најчесто содржат микро гранули) и употребете го на рацете, торзото, нозете, задникот и стапалата. Еднаш до два пати неделно е доволно, а делува како терапија не само на телото, туку и на умот.
Начини како да ги исчистите усните
Земете убав пилинг за усни, кон веројатно има и убав вкус (секогаш имаат убав вкус) и нежно измасирајте ги усните. Ова е особено важно за овие есенско-зимски денови кои доаѓаат. Почнете навремено, бидејќи разранетите и испукни усни не сакаат пилинг. Освен тоа, ниту една девојка не сака да бакнува суви усни.