Најпаметно е да се ослободите од лошиот здив пред следната средба лице во лице
Лошиот здив е една од оние полошите работи во врска со хигиената, личниот изглед и шармот, која може да ви се случат. Исходот е подеднакво лош, без разлика дали се работи за вашиот здив или на соговорникот кој треба да го ислушате, а на чие отворање на устата ви се превртува желудникот. За да не доведете вие некого во ситуација да ве избегнува (или уште полошо, да ви каже!) еве што може да преземете:
Четкајте и чистете со конец
Секому му е познато дека наслагите и бактерии кои се наталожуваат на забите во текот на ноќта додека спиеме, предизвикуваат лош здив наутро. Не се во прашање само малите парчиња храна, кои се заглавиле меѓу забите и кои ќе ги отстраните со конец на следното четкање и чистење. Кога не чистите и четкате доволно добро и редовно, парченцата остануваат меѓу и на забите, скапуваат, се распаѓаат и придонесуваат за создавање кариес, а сето ова резултира со лош здив.
Не заборавајте го јазикот
Една од основните причини за појава на лош здив е нечистиот јазик. Едно истражување од 2018 покажало дека луѓето кои ја применуваат Х техниката за чистење на јазикот, имаат многу помалку бактерии и посвеж здив од останатите. Х техниката ја објаснува и нејзиното име: го четкате јазикот од горната лева страна кон долната десна и од горната десна страна кон долната лева. Најоптимално е да го повторите тоа имагинарно Х 6 пати по ред.
Избркајте го лошиот здив со вода
Сувата уста придонесува суви честички да се лепат за јазикот, забите, образите, непцата. Без доволно влажност која би ги избркала (во случајот, плунка), тие создаваат храна за бактериите, кои имаат тенденција да се сместат во устата и да се размножуваат. Исплакнете или напијте се вода кога чувствувате дека устата ви е сува.
Исплакнете со течност за уста
Но, треба да внимаватe, бидејќи голем дел од течностите за уста содржат алкохол, кој ја суши усната празнина. Така, течностите може да завршат некоја работа моментално, но не и долгорочно.
Џвакајте мастика
Лошиот здив кој го предизвикуват лукот и кромидот, можеби можете да го отстраните ако џвакате сериозно свежа гума за џвакање. Иако се многу вкусни кога ги јадете, лукот и кромидот може да направат да се чувствувате многу непријатно, па обидете се да ги маскирате со гума за џвакање или бонбона.