Во текот на зимските и студени денови, често се случува јазикот да го изгориме со врел чај или супа… Поради бројните рецептори кои се наоѓаат на него, јазикот е многу чуствителен и лесно може да се повреди.
Најчесто повредите се јавуваат во вид на изгореници. Веројатно, барем илјада пати ви се случило јазикот толку да го изгорите, што потоа не можете да почуствувате вкус на друга храна. Изгорениците на ајзикот можат да бидат многу непријатни, зашто предизвикуваат непријатно пецкање во устата, кое може да трае и по неколку дена.
Еве неколку совети како да ја елиминирате болката во јазикот ако ви се случи да се изгорите. Верувале или не, се што треба да направите е на јазикот да ставите малку шеќер и да оставите да се стопи. На овој начин моментално ќе се ублажи пецкањето и болката, но и ќе го забрза процесот на лечење на јазикот. Истиот ефект на лековитост се постигнува и со мед.
Уште еден совет за превентива од изгореници на јазикот е да се проверува температурата на храната и пијалоците пред тие да се консумираат, зашто сепак најдобро е да се спречи отколку да се лекува. Температурата може да се провери така што ќе го допрете пијалокот, или јадењето со зглобот на показалецот. Ако го „испечете“ прстот, тоа значи дека треба да почекате чајот или супата уште малку да се изладат.