Да се биде машки модел може да изгледа како лесна работа, но тие луѓе напорно работат на одржување на нивната линија, бидејќи од нивниот изглед зависи бројот на ангажмани кои го имаат. Покрај тоа што се родени со добра генетика, исто така важно е да се одржуваат во форма. Да се има тренинг план задолжителено кога станува збор за физичка форма слична на некој од моделите. Повеќето машки модели имаат извонредно обликувани стомачни мускули, што докажува дека покрај генетиката и диетата која е неопходна посетата на теретана е задолжителна. Ако сакате да имате тело на врвен машки модел тогаш погледнете ги нивните тренинг планови. Дејвид Ганди: модел кој е модната сцена скоро две децении. Покрај ангажманите од страна на Hugo Boss, Marks & Spencer, Gant U.S.A., тој е најпознат по кампањата на Dolce & Gabbana за парфемот Light Blue. Според него нема скратен пат за постигнување на совршена форма на телото. Сè е во напорната работа во теретана. Тој ги користи вечерните часови за одење во теретана, а тренингот му трае од 60 до 90 минути. Што се однесува до специфичните тренинзи: