Секој љубител на добро еспресо поминува низ процес се додека не го добие кафето кое ги задоволува неговите сетила за вкус. За да може да ужива во добро еспресо покрај, кафето, треба да се обрне внимание и на апаратот со кој го правите тоа кафе а во исто време и на вашиот буџет.

Дали претпочитате кратко, силно еспресо или млечно капучино? Дали сакате самите да го мелете своето кафе или апаратот да го праи тоа автоматски? Можеби сакате да користите капсули!? Најскапите машини не се нужно подобри од моделите со пониски цени. Па, драги afiocionados de café, по многу размислување, истражување и прилично голема доза на кофеин, решивме да понудиме три апарати кои сметаме дека даваат добро кафе.

еспресо1. Sage Dual Boiler-ако барате апарат кој ќе ви направи еспресо во бариста стил, тогаш овој апарат е токму за вас. Името го има добиено по двата котли скриени во металната кутија, еден за еспресо и еден за млеко. Но за да се постигнат најдобрите резултати ќе мора да си поиграте со подесувањето на температурата.

еспресо2. Nespresso M600 Vertuo Magimix- ако мислите дека Nespresso апаратите се само искомерцијализирани, тогаш се лажете. За разлика од стандардните апарати кои користат водена пареа под притисок за екстракција на аромата, оваа машина користи технологија базирана на центрифуга. Овој начин на екстракција создава ист силен вкус на еспресо, кој е многу подлабок, и со повоздушеста крема.

еспресо3. Wacaco Nanopresso- брилијантен преносен апарат за еспресо кој нема потреба од батерии. За да направите автентично еспресо со соодветна пена, доволно е да ставите лажица кафе или капсула во комората за кафе, да го наполните малиот резервоар со врела вода, затворите се и неколку пати испумпајте го клипот.