Да се издвоите од мноштвото останати во вашата канцеларијата е како да одите по тенка линија. Додека напредокот во кариерата е на врвот на Вашите приоритети, Вашиот изглед за работата која ја посакувате и не е толку лесно клише: вашата облека треба да одговара на Вашата улога и организацијата во која сте. Ако се издвоите премногу тоа може да значи лизгав под на Вашето професионално скалило.
Целта е да се облекувате за работата што ја имате. Но сепак тоа да биде подобро од вообичаено видено. Така, наместо здодевните, очекувани и секојдневни аутфити, можно е со неколку промислени интервенции да се избегнат дежа ву, вообичаените office изгледи, а со тоа и да се разигра и разведри канцелариската атмосфера.
Фланелот како „Look Inspiration“
Има една сцена во филмот „Револуционерен пат“- според брилијантна книга на Ричард Јејтс – каде карактерот на Леонардо ди Каприо, излегува од патнички воз во Њујорк и се губи во морето на непрепознатливи сиви фланелни костуми.
Во тоа време, овој изглед се смета за симбол на усогласеност. Денес, меѓутоа, со 99 отсто проценти од службеници облечени во костуми направени од мазни штофови, ткаенина со некаква текстура станува начин да се издвоите од толпата.
Фланелот ќе функционира во било кое формално работно место, но мала додавка од префинет твид или сомот е превземање чекор понатаму за модернизирање на изгледот.
Костум на двојно закопчување
Дворедните костуми беа актуелни во канцелариите во осумдесеттите; денес со нивно оживувањето на пистите време е работите да се вратат назад и да се надоградуваат.
Едноставниот костум на двојно закопчување е помалку упадлив од костум со дезен па сепак доволно впечатлив да искаже индивидуалност. Ако е добро скроен ваквиот костум ќе го истакне повеќе вашиот физикус со истовремено нагласување на торзото и стеснување на половината.
Тоа е изглед кој може да биде класичен или современ, корпоративен или креативен. Секако, тоа бара малку повеќе да се „знае како“ и умешност да се реализира, што е причината зошто повеќето мажи го избегуваат тоа. Но сепак не се сите „повеќето мажи“.
Игриви кошули
За повеќето мажи, единствените видови на кошула со кои се запознаени се бело или сино. Можеби розева ако се чувствуваат храбри. Меѓутоа, проширување на Вашите хоризонти со бои и модели како што се карирано или риги може да му даде на изгледот промоција која ја заслужува.
Се разбира, важно е да запомните дека ако покажете интерес ќе добиете во флексибилност. Додајте малку „интересно“ и веќе сте на свој терен.
Наместо да играте на сигурно со класичните памучни кошули, скршнете во позабавна насока со избор на кошула со штепови или понеформално, кошула од тенок тексас. Тоа е исто така сина кошула само е поинтересна за носење и комбинирање. А воедно не го нарушува во повеќето случаи дрескодот.
Деталите се клучот
Постојат два вида на луѓе на овој свет, оние кои само ги оставаат своите канцелариски работи на работната маса и оние кои оставаат свои знаци на малку повисоко ниво.
Се разбира тоа не значи дека треба да се украси бирото со позлатено пенкало.
Неколку забавни пенкала може да ја разиграат сликата и да ве разведрат секој пат кога ќе ги употребите. Некој можеби ќе помисли дека сте претенциозни, но сигурно некој друг ќе ја забележи разликата.
Игра на вратоврските
„Јаремот“ на корпоративно угнетување е отфрлен во последниве години од страна на мажите очајни да ја потврдат својата независност. Заслужуваат честитки за тоа. Но сега може да ја имате слободата да изгледате како секој друг маж во син или сив костум со бела или сина кошула без вратоврска.
Но наместо тоа, може да ја истакнете вашата индивидуалност токму со вратоврска. Кончаната вратоврска моментално ќе ве направи позабележителни исто како и сезонските ткаенини, волна во зима, лен во лето. Постои и нешто класично за нивниот мат финиш. Можеби не сте баш момче за вратоврска и можеби „фенси“ вратоврските се премногу крути за вашето работно место, во секој случај опциите се поотворени од колку отворен врат. Во постудени месеци, можете да одите на опцијата на фина тенка ролка.
Направете позитивни чекори
Постојат работни места каде само формални црни чевли можат да функционираат. Во тој случај нема многу простор за повеќе игра од класични чевли.
Па сепак што се однесува до боите: кафената е општо прифатена, но темно сина, боја на вино, oxblood, па дури и темно зелена може да биде изненадувачки разновиден избор кој ќе ве истакне пред Вашите помалку креативни колеги. И во зависност од тоа колку се флексибилни, велурот може да додаде убав елемент.