Златното правило е дека треба да јадете овошје и зеленчук секојдневно, бидејќи тие ве штитат од срцеви заболувања, дијабетес, некои видови канцер и дебелеење. Како да го измамите умот и да создадете навика секојдневно да консумирате доволно овошје?
350 гр овошје дневно е доволна и препорачана количина за еден човек. Кој се придржува до ова? Според едно истражување на правено во САД, само 12.2 % од популацијата внесува доволна количина овојше во организмот дневно.
Експертите препорачуваат да го внесеме овошјето во исхраната како закуска, во салати, како прилог на некое друго јадење, или како десерт во замена за производи со додаден шеќер како што се торти, чоколади, колачи, крофни, сладоледи или бонбони.
Проблемот лежи тука, што многу, многу ретки се оние луѓе кои наместо крофна ќе посегнат по јаболко.
Во прилог неколку трикови, како да се измамите себеси и да внесувате повеќе/доволно овојше во организмот секојдневно.
Купете го вистинското овошје
Најдобро е да одбирате овошје кое може да остане во вашата кујна до една недела и на кое му е потребно минимално внимание за да го изедете. Такви се јаболките, бананите, грозјето, крушите, праските и мандарините. Станува збор за лесно овојше кое не изискува многу внимание и што е најважно не мора да го чувате во ладилникот, бидејќи е важно…
Да го ставите овошјето онаму каде што ќе го гледате
А со тоа и јадете. Ставете не една, туку две чинии за овошје некаде каде што не можете да го игнорирате. Во ладилникот може и да го заборавите, а и ретко кога ќе посегнете по него, ако сте гладни и сте ја отвориле вратата од фрижидерот. А на поминување, лесно ќе изедете една банана.
Јадете овошје додека подготвувате појадок.
Откако ќе го испиете кафето, но пред да ги изедете јајцата, изгризете едно јаболко или излупете една мандарина. Ова може да го правите многу поефикасно и почесто ако се придржувате до правилото од погоре – овошјето да е во видното поле. Сепак, ова правило не е резервирано само за утринските часови. Важи и за периодот кога подготвувате ручек или вечера. Што повеќе, тоа подобро.