Секој од време навреме се чувствува анксиозен. Но, како да ја препознаете анксиозноста кога е хронична и сеприсутна? 

Кога вашиот пријател/роднина/познаник се тресе, кива и има намален апетит, шансите дека е настинат се големи, а вие тоа ќе го препознаете. Но, кога е во прашање менталното здравје, нештата не изгледаат така едноставно. Четворица од пет испитаници на возраст од 18 до 34 години, изјавиле во едно истражување дека честопати глумат храбри и кога се анксиозни. 

 

Не значи дека треба да се експерт по ментално здравје, но доволно е да ги препознаете симптомите за да знаете како да му пристапите на блискиот човек кој страда од анксиозност.

Нарушен сон: Факт е дека светот е ненаспан. Ретко кој од нас спие доволно часови во текот на вечера и се чувствува одморен. Но, постојаниот замор е знак за анксиозност. Луѓето кои страдаат од анксиозност често не спијат доволно бидејќи нивното тело прозиведува зголемено количество адреналин. Освен тоа, анксиозноста се зголемува во текот на вечерните часови и ноќта. 

Тешкотии при концентрирање: Честото доцнење, заборавање нешта кои вообичаено не би биле заборавени, потешкотии во следење на разговор се знаци на анксиозноста. 
Растројства во исхраната: Недостатокот на апетит е уште еден показател. На другата страна на скалата, и претераното јадење може да покажува појава на анксиозност. Што води до појава на анорексија и булимија. 
Изолација: Најјасниот од сите знаци е веројатно изолацијата. Некој кој претходно бил весел, дружељубив и интерактивен, а денес троши енергија седејќи сам и пронаоѓајќи начини да избегне анксиозно ситуации, е дефинитивно анксиозен.
Постојана потврда: Или поточно, постојана потреба за потврда на љубов, припаѓање. Тука преовладуваат нервозата, стресот и недостатокот на самодоверба. 
Болести: Иако анксиозноста е ментална болест, не значи дека не може да има физички манифестации  како панични напади и недостаток на здив. Анксиозноста може да ги зголемии нивоата на стрес и истиот да предизвика кожни состојби како егзема. 

Во случај да ги препознавате овие симптоми кај себе или свој близок, задолжително посетете лекар. Машки магазин е промотор не само на физичкото, туку и на менталносто здравје и го користиме месец ноември да ве мотивираме да закажете преглед и да му обрнете внимание на сопственото здравје.