Во еден момент поминувате со рацете воодушевувајќи се на својата густа коса, а веќе во наредниот се прашувате каде по ѓаволите ја изгубивте? Пред да биде предоцна рагледајте ги следниве 10 совети. Да бидеме искрени косата е важен детал во целокупниот изглед.

Зошто инаку би поминувале толку време и напор секое утро пред огледало обидувајќи се да добиете совршена фризура или барем пристоен изглед (некогаш трудот е залуден, да не се лажеме). Сепак, не ретко колку и да се гордеете со својата коса, истата многу често ја земате здраво за готово, не помислувајќи дека додека да трепнете нештата може да се променат.

Но, што кога ќе ја забележите промената? Без паника, ништо не е сè уште изгубено. Промените во вашата коса се сосем нормални, особено кога ќе влезете во 40-тата година од вашиот живот. Токму косата, на многу начини е одраз на она што се случува во вашите тела, па како што стареете, така и таа доживува своја транзиција. Сепак, не значи дека не може да направите ништо во врска со тоа.

Што се случува со вашата коса кога ќе ја поминете четириесетката?

Како што стареете, хормоните во телото се менуваат, особено кај мажите, каде нивото на тестостерон почнува да опаѓа. Флуктациите на тестостеронот влијаат на фукциите на телото и секако се одразуваат на косата. Потоа следни на менито доаѓаат сивите влакна, кои може да се јават уште во 30-тите години, но врвот секако го достигнуваат во 40-тите години од животот.

Сепак, сивите влакна и не се толкав проблем (имајќи го предвид фактот дека истите знаат да бидат неодоливи за жените), колку што е проблем проретчувањето на косата. Е тука веќе почнува паниката. Иако две третини од мажите се соочуваат со овој проблем уште пред 35-тата година, процентот значително се зголемува по навршување на четириесетата.

Дури и да немате вистинско опаѓање на косата може да забележите проретчување, повлекување на линијата, залистоци или слабеење на влакното. И ова им се случува дури и на оние со најдобри гени! Но, не очајувајте, само затоа што косата ви опаѓа не значи дека потполно ќе ја изгубите.

Разретчувањето и ќелавоста се две сосема различни работи кои може да бидат предизвикани од различни фактори – возраст, исхрана, терапија, стрес кога станува збор за опаѓањето и генетика кога станува збор за ќелавоста, чии главни индикатори се губење на парцијални делови од главата – фронтален скалп, круна или теме. Исто така треба да се земе предвид брзината и количината на опаѓање, на што треба да се обрне особено внимание како би можеле на време да реагирате и да спречите поголема штета (естетска се разбира).

Совети за мажите кои ја живеат 40-ката

1. Променете го шампонот

Откако ќе ги детектирате првите промени во вашата коса, особено сувост и перутање на главата, една од првите работи кои треба да ги направите е да го промените шампонот. Одличен избор се оние против првут и за сува коса. Доколку се одлучите за нешто појако, тогаш во составот барајте кетоконазол.

Самиот шампон нема директно да влијае врз опаѓањето на косата, но третирање на скалпот е првиот чекор во целокупниот третман за опаѓање. И престанете да ја миете секојдневно, на секој два до три дена е оптимално, но доколку навистина имате потреба, тогаш во деновите помеѓу користете благо средство за плакнење на косата или шампон за бебиња.

2. Не прескокнувајте го балсамот за коса

Влагата е неопходна за одржување на секаков тип на коса, па како што опаѓаат природните масла од вашиот скалп, така станува неопходно да користите балсам. И тоа на секое миење на косата, без исклучок. Многу е важно откако ќе го нанесете да оставите 3 до 5 минути да делува пред да го измиете.

Или доколку сакате поголем резултат, нанесете го како маска и оставете да делува неколку часа. Каков вид на балсам ќе користите исто така игра огромна улога – тенката коса бара лесна структура која нема да го отежне влакното, додека густата коса може да се третира и со побогата текстура.

Доколку косата сè уште е сува, покрај балсамот задолжително користете и масла – арганово, кокосово или рицинусово масло барем еднаш во неделата, бидејќи докажано е дека овие масла се корисни, сепак не претерувајте со нивна употреба за да не направите контра ефект – запушување на фоликулите на косата.

3. Грижете се за скалпот

Скалпот е најважен, колку е поздрав, толку косата ќе ви остане во форма. Прво нешто кое треба да го направите е редовно да користите средство за чистење на скалпот, ова ќе помогне да се отстранат насобраните мртви клетки и остатоците од производите за стилизирање кои може да го отежнат растот на косата. Барајте производ кој во себе содржи салицилна киселина и користете го еднаш во неделата. Следно е масирање на скалпот, што ќе проднесе до подобра циркулација – протокот на крв го храни скалпот.

4. Третирајте ја косата правилно

Серумите за стимулирање на растот на коса се особено важни кога ќе забележите проретчување на косата. Овие серуми ќе ви помогнат за стимулирање на растот на косата и влијаат врз нејзината густина, а сеако го намалуваат опаѓањето на косата. Следен чекор е поинтензивен третман со миноксидил и финастерид, секако по предходна консултација со дерматолог.

Овие третмани треба да почнете да ги правите веднаш штом забележите опаѓање на косата, како би превенирале поголема штета. Она што треба да го имате на ум се нус-појавите на овие лекови (намалено либидо, импотенција или депресија). Сепак овие третмани ги препишува дерматолог кој во зависност од стадиумот на ретчење на косата се дозираат различно, па доколку регирате навреме нема да ви е потребно често и агресивно користење на истите.

5. Суплементи во исхранта

Она што го внесувате одвнатре е исто толку значајно како тоа однадвор. Храна која помага за забавување на стареењето, а со тоа спречување на проретчување на косата е храна богата со антиоксиданси и антиинфламатори, витамин А, протеини и слично како и суплeмeнти за поттикнување на растот на косата.

6. Посетете дерматолог

Секогаш кога ќе забележите промена во вашата коса, пред да почнете да користите некаков додаток или терапија, закажете преглед кај дерматолог или трихолог. Губењето на косата може да е резултатат на некој поголем проблем како што е псоријазата и може да има далекусежни импликации доколку не се третира правилно. Дерматологот може да процени во кој стадиум се наоѓате и како најдобро да ја третирате косата.

 

 

СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ, ТЕКСТ ИЛИ ФОТОГРАФИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ММАГАЗИН. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ И ФОТОГРАФИИТЕ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.