Вашата домашна теретана треба да поседува тегови, особено ако целта ви е градење на мускулна маса. Изненадувачки е за колку многу видови на тренинг можете да ги користите, а исто и колку придобивки би имале. Како и секој производ разноврсноста е достапна и тука, а изборот на истиот зависи од потребите на личноста. Иако изгледа како наједноставното парче опрема, големата побарувачка, како и разновидните материјали и дизајн ќе ве замислат на момент. Еве неколку работи на кои треба да размислите пред да се одлучите.

Дали треба да користите тегови со фиксна тежина или прилагодливи?

Оваа одлука паѓа под влијание на просторот и видот на тренинг за која планирате да ги користите. Фиксните тегови најчесто се користат за тренинг кој бара повеќе повторувања, сетови. Прилагодливите тегови ќе ви овозможат да ја менувате тежината, да го зголемите или намалите товарот што го подигате нудејќи поголема разновидност во однос на вежбите.

Од каков материјал да се направени?

Тегови традиционално се направени од не’рѓосувачки челик или леано железо, но ќе најдете многу опции што доаѓаат направени од потрајни материјали како гума кои се подобри за домашна употреба. За крај битно е дали можете правилно да ги фатите бидејќи така ќе го елиминирате ризикот од повреда, дали формата ви пружаат одредена удобност при вежбање и дали со нив можете да ја постигнете целта која ја имате зацртано. Еве неколку примери: