Кошулата е дел од облеката која секој маж мора да ја има во својот гардеробер, но има и многу мажи кои поради различни причини не носат или не сакаат да имаат преголем број на кошули. Затоа, мора да се најде некоја „златна средина“. Најпрво, треба да утврдиме што мора да има совршената кошула и како треба да изгледа. Денес, можно е да се најдат безброј различни стилови и бои на кошули, но во најголем дел одредени кошули се користат за одредени прилики или ситуации. Значи, потребна ни е „универзална“ кошула која можеме да ја носиме во сите прилики, а сепак секој пат да изгледаме најдобро.

Како да се постигне ова? Па, постојат неколку начини на кои можете да ја пронајдете совршената кошула. Прв совет е секогаш да одите со едноставен избор, бидејќи понекогаш поедноставното е полесно. Поради различните стилови и дизајни, кошулите може да се поделат на елегантни и лежерни, а ги облекуваме во зависност од ситуацијата.

Сепак, ретко можете да облечете нешто елегантно на опуштена забава или нешто лежерно на елегантна вечера. Затоа е неопходно да се најде средина, кошула која ќе одговара во секоја прилика.

Дизајн и боја

Верувале или не, ова не е толку тешко да се направи. Најпрво изберете кошула која ќе има едноставен дизајн. Потоа одберете ја кошулата што најмногу ќе одговара со вашата гардероба. Бојата е многу важна. Темно сината или црната боја може да се комбинираат со сите комбинации на облека, па затоа овие нијанси би требало да имаат приоритет при купување на совршената кошула.

На овој начин, можете да купите кошула која одлично ќе оди со оделото, но ќе изгледа исто толку добро со маичката со принт што ја носите под неа.

Начинот на кој носите кошула исто така го менува нејзиниот карактер. Ако кошулата е тесна, закопчана и уредна, тоа значи дека сте сериозни и дека сте подготвени за секоја сериозна ситуација. Ако ја откопчате кошулата и ги засукате ракавите, нејзиниот карактер веднаш ќе зборува поинаку за вас – дека сте подготвени за забава.

Затоа, ако веќе не сакате да имате многу кошули, потрудете се да купите една „универзална“ која ќе можете да ја прилагодите на вашите сопствени потреби.