Губење на тежина, хм, поточно, избегнување на зголемување на телесната тежина додека сте дома-голема работа за многумина од нас. Неколку недели социјална дистанца и изолација, иако не јадете повеќе, панталоните не не собираат. Сето ова е поради помалата физичка активност од порано.

Управувањето со телесната тежина е корисно и за физичката и за психичката благосостојба. Со неколку едноставни трикови и прилагодувања на животниот стил, можете да си зададете цел, па дури и да изгубите неколку килограми попат. Комбинацијата на повеќе битни елементи и придржувањето до план е ногу битно.

телесната тежина

1. Внес на калории: Не внесувајте повеќе калории отколку што му е потребно на вашето тело. Да се биде затворен во поголемиот дел од денот значи согорување на помалку калории. Ова не значи дека додека не правиме ништо не согоруваме калории, поточно има формула со која можете да ја пресметате метаболичката вредност додека не правите ништо и сте мрзливи (For Men: BMR = 66 + (6.23 x weight in pounds) + (12.7 x height in inches) – (6.8 x age in years)). Вежбањето дополнително ќе го зголеми согорувањето на калории, а тука се и обичните домашни активности кои исто така додека ги извршувате-согорувате калории: аеробик: 211, возење стационарен велосипед (лесен напор): 176, бришење прашина: 70, градинарство: 176, пазарење на намирници: 106, пешачење: 211, чистење: 106, диплење алишта: 70, играње со деца: 141, готвење: 70, усисување: 70, јога: 141. И не заборавајте да си инсталирате апликација која ќе ви ги брои калориите.

2. Пробајте intermittent fasting: Моментално во светот intermittent fasting претствува една од најпопуларните диети или начини на исхрана. Луѓето го користат овој начин на исхрана заради слабеење, подобрување на здравјето и поедноставување на животниот стил. Со диетата 5:2, го ограничувате внесот на калории два дена во неделата, до 700-800 калории, додека за остатокот јадете нормално, додека 16:8 е дневен пост каде јадете само осум часа во денот.

3. Пијте вода: Пиењето на вода е здраво, 60 проценти од нашето тело е вода. Еве неколку причини за пиење на вода: ги подмачкува зглобовите, учествува во создавање на плунката и мукусот, пренесува кислород, го зајакнува здравјето и убавината на кожата, учествува во заштита на мозокот и другите чувствителни ткива, учествува во создавањето на хормоните и неуротрансмитерите, ја регулира телесната температура, дигестивниот систем зависи од неа, ги елиминира токсините, учествува во регулирање на притисокот, превенира оштетување на бубрезите, со неа ни се достапни минералите и витамините…

4. Носете фитнес-тракер: Една од повообичаените одлики на овие уреди е дека се „потсетник за движење“, ќе ве потсети дека треба да станете и да се раздвижите. Фитнес-тракерите ги мерат согорени калории па можете да ја прилагодите потрошувачката на калории на внесот. Овие уреди не се ултра прецизни, но сепак се од корист.

5. Купете си вага: Немаме што да кажеме тука, паметните ваги се во предност тука, бидејќи покажуваат битни параметри како маса на коските/ мускулите, процентот на маснотии во телото…

6. HIIT WORKOUTS: Никогаш не испаднало од мода, а се ефикасен начин за согорување на калории.

7. Предизвикајте се: Најдобриот начин да се мотивирате е предизвикот. Здрава храна, вежбање секој ден…30 дена. 8.