Годишниот Perseid метеорски дожд, кој се смета за „најдобриот метеорски дожд на годината“, според NASA, го осветли небото уште синоќа (14 јули). Сепак, Персеидите ќе бидат активен до 24 август, но врвот ќе биде достигнат некаде кон средината на следниот месец, поточно 11, 12 и 13 август, кога ќе бидат видливи дури до 100 метеори на час.

Овој ѕвезден феномен, кој е наречен по соѕвездието Персеј, каде се чини дека започнува целото шоу, ќе биде видливо и во следните денови.

Метеорскиот дожд е производ на Земјината атмосфера која доаѓа во интеракција со вселенските остатоци од кометата со име 109P / Swift-Tuttle, која беше откриена во 1862 година од страна на Луис Свифт и Хорас Татл. На 109P / Swift-Tuttle кометата, која последен пат го посети внатрешниот сончев систем во 1992 година, и се потребни 133 години за да направи еден круг околу сонцето. Персеидите се познати и по своите импресивни огнени топки, кои експлодираат од поголеми честички кометски материјал и оставаат долготрајни ленти на шарена светлина зад себе.

Метеорскиот спектакл најдобро се гледа од Северната хемисфера за време на раните зори, по 2 часот по полноќ, иако за време на периодот кога го достигнува својот врв, метеорскиот дожд може да се следи уште од 22 часот. Метеорите обично се највидливи на локации кои се далеку од градските светла кои потенцијално можат да ја задушат големината на „ѕвездите кои паѓаат“.

Доколку не сте на некое соодветно место за да ги гледате Персеидите, NASA се подготвува за небесниот настан на својата Meteor Watch страница на Фејсбук. Virtual Telescope Project исто така ќе обезбеди пренос во живо од метеорскиот дожд.

По Персеидите, следниот метеорски дожд нема да се случи се додека Орионидите не го „освојат“ ноќното небо во октомври.