Од сите удари кои животот ги задава, разводот е можеби најразочарувачкиот. Сепак, кога го кажувавте судбоносното да, порај девојката која бескрајно ја сакавте, не помислувавте дека ќе стигнете до тука. Лошо, зар не?!

Денес, иако одвај чекате да ја отстраните некогашната избраничка од животот, разводот не е лесна категорија. Според експертите, некои луѓе го доживуваат разводот исто како смрт на близок човек.
Предизвикот во случајот е што идната бивша жена е жива па ќе мора да влегувате во интеракција.
Секако, секој развод е посебна приказна, но се состои од истиоѕ данок: емоционален, финансиски и практичен. Ова се некои основни нешта кои треба да ги знаете и земете предвид:

Првите чекори во случај на развод:

Голем број двојки се обидуваат да ги премостат разликите посетувајќи психолошко брачно советување. Некои пак, одлучуваат времено да се раздвојат, за да видат дали разводот е навистина она што го сакаат. Во случај, разликите да се непремостливи и одвоениот живот посладок, па разводот е неопходен, неопходно е да си најдете добар адвокат со чија помош ќе поднесете барање за развод до суд.

разводот
Divorce е една од сериите која зборува токму за оваа животна ситуација

Со цел да се заштитите, пред да поднесете барање за развод погрижете се за своите сметки во банка, одлучете што од она што го поседувате сакате да го задржите, во случај да се инволвирани деца, тогаш размислете каков тип на старателство најмногу би ви одговарал вам, а и ним.

Колку долго трае постапката?

Експертите од искуство, не можат да одговорат точно на ова прашање. Може да заврши за два месеци, а може да трае и две години. Ако е вклучено и старателство, поделба на имот и слично, сигурно ќе трае подолго.

Како да ги намалите трошоците од постапката?

Решете ги нештата надвор од судница: Ако е возможно, дискутирајте со вашата сопруга за нештата и договорете ја поделбата надвор од судница. На крајот, само финализирајте го разводот.

Размислете за алтернативни методи за договарање: Ако партнерката нема ништо против, вклучете медијатор. Според експертите, медијаторот е ефикасно решение дури и за жестоки кавги.

Што влијае врз доделувањето на старателство?

Кога се децата во прашање, треба да се гледа она што е во најдобар интерес за нив. Некои од основните фактори кои го објаснуваат она гореспоменатиот најдобар интерес, според експертите се: љубовта, посветеноста, капацитетот на детето да му се исполнат потребите вклучувајќи храна, облека и здравствена нега, времетраењето на живеење на детето во стабилна средина, ментална и физичка подготвеност на двете страни за раст и развој на детето.

Кои се некои од најчестите грешки кои мажите ги прават при развод?

Напуштањето на домот

Ова е една од најчестите грешки кои ги прават мажите при развод, бидејќи постојатниот контакт и инволвираност во животот на децата е клучен елемент во борбата за старателство.

Чекате партнерката да поднесе барање за развод

Според експертите, иако не е докажано ова, судиите се посклони кон приказната која ја слушаат прво.

Криење информации од својот адвокат

Неопходно е да му ги дадете на својот адвокат сите информации. Во спротивно, вашата партнерка може да изнесе пред судот информации со кои вашиот адвокат нема да знае да се справи.

Откривање многу на интернет

Интернетот ви е непријател кога е во прашање разводот, бидејќи тука она што го постирате подлега на интерпретација. Не мора да објавите на социјалните мрежи колку е лоша вашата скоро па бивша партнерка.

Зборувате премногу, особено со сопругата

Постои ризик, во вжештена расправија со сопругата, да откриете детали за случајот, кои подоцна адвокатот на другата страна ќе ги искористи против вас.