Кога сте во теретана, верно се држите до вашата тренинг програма. Дисциплината и желбата да водите здрав живот е тоа што ве тера да ги туркате границите. Но сигурно некогаш сте осетиле дека иако се придржувате до програмата и напорно вежбате, не станувате посилни. Силата ја враќате после пиење на протеински шејк, односно по опоравување. Па затоа битно е да го сватите циклусот стрес-адаптација-закрепнување.

Кога телото е изложено на стрес, ќе започне биолошки процес за справување со тој стрес, ќе се опорави од него, а потоа ќе се прилагоди и потоа ќе почне да компензира, така што ќе биде подобро подготвено да се справи со него, ако повторно се изложи на истите стресови. Веќе досега имате сватено дека постепено треба да напредувате и да ја дополнувате вашата тренинг програма, а со процесот на опоравување вашето тело започнува да ги поправа мускулите и ткивата, правејќи ги посилни и подготвени да се справат со нов стрес.

 

Чекор # 1

За прифаќање на процесот на опоравување сериозно како што го имате прифатено тренингот потребно е да му дадете време на вашето тело да се опорави. Ова значи да не тренирате секој ден во неделата. Или на пример ако сте решиле да вежбате 5 дена во неделата, комбинирајте со менување, еден ден вежбајте го горниот дел од телото другиот ден долниот. И секако оставете ден за целосен одмор.

Чекор # 2

Храната и сонот да ви бидат приоритет. За да може да добие енергија и да може да закрепне на телото му треба храна. Истражувања покажале дека повеќето луѓе се откажуваат од вежбање поради храната. Ако се прашувате, како е тоа поврзано еве ви го одговорот. Луѓето се преоптоваруваат со вежбање без притоа да внимаваат на опоравувањето и дополната на енергијата, што доведува до истоштеност и дозволуваме болката да надвладее.

За тренинг како шампион потребно е да јадете како шампион. За сонот како есенцијален чин за закрепнување повеќе пати имаме зборувано. Целта е 7-9 часа. Избегнувајте кофеин доцна во денот. Избегнувајте екрани непосредно пред спиење. Спијте во темна и ладна просторија. Има и други опции и методи кои би ви помогнале да го забрзате процесот на закрепнување по тренинг.

Фитнес индустријата зазема се поголем замав при содзавање на уреди и производи кои ќе ви помогнат при закрепнување. Според експертите иако масажите и криоспа се работи кои прават да се чувствувате убаво сепак тие најмалку помагаат. Нешто што би помогнало во закрепнувањето е топла бања со Epsom сол, ладен туш, медитација…