Сите ја сакаме аромата на пурата, но кога таа ќе се задржи подолго отколку што сакаме, време е да најдеме начин како да ја отстраниме од нашата облека. Пред да почнемe со отстранување на мирисот од облеката треба да знаеме дека чадот е резултат на нецелосно согорување на тутунот, кој се состои главно од вода, масла и пепел.

Интересен елемент е пепелта кој не е нус-производ на горење, туку всушност на не-запаливи минерални компоненти на тутунот, како магнезиум и калиум. Овие многу фини честички се држат заедно додека не ги истресете во пепелникот, а добро е познато дека истите заедно со честичките од маслата остануваат заробени на ткаенината која ја носиме и се додека не ги отстраниме тие ќе испуштаат мирис.

Денес на интернет ќе најдеме многу начини за отстранување на мирисот од облеката кои експертите не би ги препорачале, бидејќи можеме да ја оштетиме ткаенината. Во светот компаниите одговорни за санирање на штетите од пожари ги отстрануваат мирисите со помош на озонски комори.

Во домашни услови најлесно би било да ја ставиме облеката на перење, но тоа не е најдоброто решение. Циклусот на перење ќе олабави дел од честичките пепел и масла кои се заробени во ткаенината од облеката и ќе се испере, но дел ќе се разнесе на останатите алишта во машината. Затоа најдобро би било прво да се отстранат остатоците од чад пред да се испрати облеката на перење.

Еве што е потребно да направите за облека на која не пишува „DRY CLEAN ONLY”:

Чекор 1: Закачете ја вашата кошула/ облека
Чекор 2: Темелно исчеткајте ја со мека четка за облека; ова ќе ги олабави честичките од чад заробени во ткаенината.
Чекор 3: Поминете ја облеката со преносна пегла на пареа. Повторете ги чекорите 2 и 3 неколку пати, зависно од потребата. Потоа, оставете ја кошулата да виси на свеж воздух цел ден. Дотогаш, треба да забележите дека сте го отстраниле најголемиот дел (ако не и целиот) од мирисот. Потоа исперете ја облеката.

DRY CLEAN ONLY

За ткаенини кои подлежат на хемиско третирање потребно е да го направите следното:

Чекор 1: Посипете сода бикарбона преку површината и оставете ја да отстои 24 до 48 часа.
Чекор 2: По овој период истресете ја содата
Чекор 3: Усисајте ја преостанатата сода бикарбона, но внимавајте на јачината на вакумот кој го создадава вашата машина, сепак не сакаме да ја оштетиме ткаенината.
Содата не само што ја апсорбира миризбата, туку користи и како носач на честичките кои потоа можат да бидат отстранети со тресење или усисување.

Друг начин за отстранување на мирисот од чад на пури е користење на озонери кои содржат циклодекстрин како активна состојка, чијашто молекуларна форма е слична на крофна и ги апсорбира честичките мирис во „дупката“ на крофната. Исто така луѓето кои практикуваат пури користат природен кристален дезодорансен прав што може да се додаде во пепелникот и да се спречи ширењето на мирисот на чад, заменувајќи го со свежа арома.