Доколку работите од дома, тогаш најверојатно имате и состаноци преку видео конференција благодарение на апликации како Zoom или Skype.

Со оглед на ситуацијата во светот со пандемијата на коронавирусот, како и се поизвесното воведување на нови карантини ширум светот, многу е веројатно дека голем дел од нас ќе работат од удобноста на својот дом. А тоа значи голем број на конференциски видео повици.

видео конференција

Без оглед дали станува збор за Skype, Zoom или FaceTime, сигурни сме дека бројот на користење на видео конференциски повици ќе се искачи „до плафон“. За време на првиот глобален карантин, Price Spy, сајт кој ги мониторира кликовите на веб сајтовите, откри дека кликовите на вебкамерите пораснал за 769 проценти во однос на една недела претходно во Велика Британија.

Секако, некои луѓе ќе си најдат изговор да останат во своите пижами и да „забушаваат“ со личната хигиена. Но, не сите се такви. Не секој сака нивниот шеф да ги види во едно неуредно издание.

И додека користењето на камерата на вашиот лаптоп може да биде застрашувачки, постојат неколку работи кои можете да ги направите за да изгледате добро пред камерите. Затоа, во прилог ви носиме еден водич за тоа како да го извлечете вашиот најдобар изглед за конференциските видео повици.

Облечете се

видео конференција

Сега е време да се остане професионален, што значи дека вашата прва помисла наутро е да станете, да се истуширате и да се облечете, исто како да го напуштате вашиот дом. Секако, не значи дека треба да облечете смокинг и лакирани кондури за да се шетате низ дневната соба, но препорачуваме да ги оставите вашите пижами во спалната соба.

Наш предлог е да си облечете волнен џемпер. Секако, сигурно дека не е првиот избор за на работа, но е клучна домашна облека. Репрезентира релаксирана удобност, а всушност има и моден момент. Кога станува збор за долниот дел, тоа си е ваш избор, бидејќи тој дел тешко дека ќе биде откриен пред камерите, па што е до нас, може да си седите и во боксерки. Само немојте да станувате пред камерата!

видео конференција

Не ja запоставувајте уредноста и педантноста

Ќе ги гледате вашите колеги одблиску, а интересно, и тие ќе ве видат на истиот начин. Освен ако не седите на два метри од лаптопот, вашите колеги ќе имаат добар увид во изгледот на вашата кожа, коса и заби, па затоа бидете сигурни дека сте уредни до максимум.

Нанесете хидратантен крем

ултра лесниот Invisible Physical Defense SPF 30 на Dermalogica содржи non-nano цинк оксид, кој е примарен борец против сината радијација, како и биоактивен комплекс од печурки кој ја омекнува вашата кожа и ги намалува црвенилото и сувата кожа предизвикани од UV зрачењата. Освен тоа, супер антиоксидантниот зелен чај помага во заштита на кожата, особено од екранот на вашиот лаптоп.

Инвестирајте во витамин Д

Големи се шансите најголемиот дел од времето да го минувате внатре, што значи дека ќе имате ограничен пристап до сонцето, најголемиот извор на витамин Д. Затоа препорачуваме на вашата кожа да и дадете третман со продукти кои го содржат овој витамин. Не само што ќе ја заштити природната бариера на кожата, туку исто така ќе и даде сјај.

Photo-Finish прајмер е задолжителен

Photo-Finish прајмерот е токму она што ви треба за да добиете посакуван ефект. Откако ќе го нанесете серумот, нанесете го и овој транспарентен гел без масла, кој ќе ги замагли видливите пори и други мани. Со бонусот од антиоксидантна мешавина на витамините А и Е, ќе ви даде на вашата кожа дополнителна заштита.

Искористете го максимумот од маските за лице

Ако работите од дома, сега е времето да го искористите до максимум тоа што никој нема да ве гледа постојано. Иако не советуваме да аплицирате маска за лице на пет минути пред повикот, нанесувањето на маска додека работите е една од идеите. Маските за лице не само што ги надоместува загубените нутритиенти на кожата, туку исто така ви дава здрав изглед.

Капките за очи се есенцијални за заморените очи

Без шефот да ви се „мотка“ наоколу во канцеларијата, голема е шансата да си дремнете за време на вашиот работен ден. Во таков случај, или не го правете тоа пред вашата видео конференција, или чувајте си до себе капки за очи. Тие ќе направат да изгледате свежо, подготвени за акција и нема да делувате потечено.

Шминката е секогаш тука

Доколку сте исклучително загрижени за тоа како изгледате на камера за време на вашата видео конференција, тогаш замаскирајте го вашето лице. Tom Ford прави одличен затскривач кој ќе ги сокрие сите недостатоци кои неочекувано ве снашле.

Светлата, бела насмевка секогаш е плус

Иако не е есенцијална, заслепувачката бела насмевка пред камерата е бонус кој инстантно ќе ве истакне во однос на вашите колеги, кои исто така „умираат“ за внимание. Имајте си пенкало за осветлување за најблескавата насмевка во вашата виртуелна конференциска сала.