Механичките часовници се дизајнирани да траат долго, како што гласи и пораката на славнито Patek Philippe, тие можат да ве надживеат за следните генерации – секако, ако добро се грижите за нив. И додека веродостојноста и точноста можат да се очекуваат од вашиот луксузен часовник, вашиот доверлив и сигурен придружник и сопатник може толку многу носење и абење пред да покаже „симптоми“ на застој. Тоа е природен резултат на секоја машинерија која работи со триење, така што давањето на соодветно внимание и грижа на вашиот луксузен часовник може да ја направи разликата околу тоа дали ќе трае неколку години или ќе надживее неколку генерации.

Во прилог во носиме корисен водич за грижа за вашите луксузни часовници со цел тие да траат подолго.

1. Чувајте ги од директна сончева светлина

Исто како фините парфеми и некое ретко виски, силната сончева светлина е непријател за сите луксузни часовници. Долгата изложеност на силна сончева светлина може да го забрза абењето на фарбаните делови на вашиот часовник, а од друга страна да ги исушат лубрикантите во внатрешноста задолжени за беспрекорно функционирање на компонентите.

Некои часовници, особено постарите, исто така можат да се замаглат ако темепературата на околината е изложена на големи промени наеднаш, што доведува до кондензација и водено оштетување на долг рок. Одржувајте го вашиот часовник во свежо, темно место каде што температурите не варираат премногу.

луксузни часовници

2. Отпорноста на вода е важна

Секој часовник си има ниво на отпорност на вода, но етикетата не ви дава за слобода да се фрлате „бомба“ со часовникот во вода. Часовниците со ознака од 3 бари (или 3 ATM/ 30 метри/ 100 стапки) не значи дека со нив можете да нуркате до 30 метри длабочина. Правејќи го тоа сериозно можете да го оштетите часовникот. Наместо сценарија за употреба, овие бројки се одраз на стандардизиранта класификација на отпорност на вода.

Индикацијата од 3 бари, на пример, ќе толерира само случајни и повремени капења, додека оние со 5 бари (50 метри/ 165 стапки) можат да се користат во базени и под туш (иако треба да се избегнува топла вода и сапун). 10 бари (100 метри/ 330 стапки) овозможуваат нуркање и повеќе спортови на вода, додека се што е 20 бари (200 метри) и нагоре може да се користи за професионално нуркање. Колку е постар вашиот часовник, толку е помала веројатноста дека неговата заштитна гумена заптивка во внатрешноста ќе остане недопрена, затоа направете соодветна проверка пред да се одлучите за пливање.

луксузни часовници

3. Заштитете ја круната

Круната е единственото нешто помеѓу вас и деликатното движење во внатрешноста, па затоа е важно да ја третирате правилно. Кога не го носите вашиот часовник, местете го рамно на мека површина, наместо да го потпирате на круната, дури и ако е спортски часовник. Прилагодувањето на часовникот кога е на вашиот зглоб може да додаде и страничен стрес на деликатниот систем за навиткување. Најдобриот начин да го подесувате вашиот часовник – како што препорачуваат експертите – е да го извадите вашиот часовник од зглобот и да го навивате внимателно.

Дополнителното притискање на круната кога веќе е запрена, исто така може да го оштети движењето. Правилото тука е да престанете да наметнувате сила веднаш откако ќе почувствувате отпор.

4. Навивајте го часовникот често

Audemars Piguet препорачува да го намотувате и навивате вашиот механички часовник барем еднаш месечно, дури и ако не сте го носеле некое време. За часовниците со самостојно намотување, се препорачуваат најмалку 30 вртења на круната за да се задржат компонентите на движење добро подмачкани. Вртете ја круната на часовниците со мануелно намотување и навивање додека не почувствувате отпор.

5. Држете се подалеку од магнети

Магнетните полиња се смрт за механичките луксузни часовници, кои се мешаат во интегритетот на покажувањето на времето и во некои тешки случаи, предизвикуваат да запрат со работа. За жал, ова значи дека треба да се држите подалеку од голем број на секојдневни работи, како што се звучници, фрижидери или магнетните копчињаба торбите. Поставувањето на вашиот часовник врз таблет или компјутер исто така не е паметна работа, бидејќи во себе содржат силни магнети.

Доколку забележите дека покажувањето на времето станува побавно или исклучително брзо на вашиот часовник, тогаш време е да го однесете кај професионалец за едноставен процес на демагнетизација.

луксузни часовници

6. Наместете го вашиот часовник во вистинско време

Секогаш кога е можно, избегнувајте да го поправате датумот или денот во неделата помеѓу 21 и 3 часот. Ова е обично времето кога механизмот на менувачот за датумот ќе започне да се вклучува и не се исклучува целосно до 3 часот наутро. Обидот да ја поправите оваа карактеристика за време на „опасната зона“ може да ја оштети брзината на преносот.

луксузни часовници

7. Чистете го нежно и внимателно

Како ваш верен сопатник низ се и сешто, прашање на време е кога вашиот часовник од сјаен ќе стане валкан. Оние луксузни часовници кои се отпорни на вода можат да си дозволат да имаат малку влага за време на чистењето. Мека влажна крпа ќе му даде површинска чистина, но за да влезете во потесните празнини ќе треба да корисите дрвена чепкалка за заби со навлажнет крај, или користена четка за заби. Памучните стапчиња исто така функционираат добро, освен што нема да навлезат во тесните празнини и ќе остават памучни парчиња зад себе.

Заборавете на сапунот во овој случај. Ако вашиот часовник е во навистина непријатна состојба, однесете го на златар или некој експерт за часовници за длабинско професионално чистење. За да завршите, користете микрофибер крпа без никакви производи за полирање и дефинитивно изоставете ги хартиените крпи.

луксузни часовници

8. Нега за неметални ременчиња

Металните ременчиња се релативно лесни за чистење, но доколку не сте нивни фан, еве што треба да правите. Гумените ременчиња се лесни – едноставно измијте ги или избришете ги со вкажна крпа и би требало да ги исчистите поголемиот дел од валканите места. Проверете го прирачникот на производителот кога станува збор за NATO или фабричките ременчиња со оглед на тоа што може да варира нивниот материјал, но во други случаеви, нежен детергент за ткаенина би требало да заврши работа.

Кожните ременчиња не трпат вода, затоа избегнувајте влажни крпи или чиста вода по секоја цена. Влажната крпа за брзо пребришување може да се искористи ако имате доволно време за да го исушите отпосле (никогаш со фен). Во друг случај, инвестирајте во специјализирани средства за чистење на вашето кожно ремче кои се погодни за разновидната кожа, бидејќи некои можат да бидат премногу груби.