Дождовите знаат да изненадат овие месеци. Одржувањето во оваа сезона со вакво време може да биде предизвик. Сепак тоа не значи дека треба да ги затворите летните патики до крајот на сезоната. Не само што имаат решенија за одржување, туку има решение и како да бидат суви.
Но пред да пробате било каков спреј за водоотпорност треба да ја земете во предвид ткаенината на вашите патики, односно да утврдите дали бара посебна грижа пред да се препуштите на производи кои одбиваат вода. Премиум патиките може да имаат висококвалитетни ткаенини, но некои од нив може да бидат почувствителни на одредени други производи. Поради тоа секогаш одлучувајте за аеросолни спрејови наместо раствори засновани на восок.
Погледнете ги деталите на секое шише за да проверите колку трае ефектот. Некои репеленти имаат тенденција да ја затемнуваат ткаенината по нанесувањето. Не паничете, проветрувајте ги и оставете да се исуши површината. Хидроизолација на ткаенини не може да гарантира 100% сувост. Таа варира од фактори како што се ткаенината, интензитетот на водата и изложеноста.
Како да ги направите водоотпорни патиките: започнете со темелно чистење на патиките, но на сосема сув начин. Во најлош случај користете влажна крпа или четка. Прскајте го растворот на оддалеченост од 10-15 сантиметри. На овој начин, се овозможува на аеросолниот раствор правилно да се шири наместо да се собира. Осигурете се дека и ѓонот на патиката е покриен, како и точките на фокусот: како што се капачето на прстите, горниот дел од патиката и врвките. Распрскувајте во континуитет. Еве неколку професионални производи за водоотпорност: