Фармерките се неизбежно парче во гардеробата на секој маж. Тие се едни од најразноврсните парчиња облека кои му се познати на човештвото. Машките фармерки се идеален избор за оние кои не сакаат да поминат многу време мислејќи што ќе облечат. Можат да се носат секој ден од неделата, без притоа да изгледате како да го носите истиот „аутфит“ двапати.

Купувањето на пар фармерки едно време беше сосема лесно. Или ви се точни, или не. Или се сини, или црни. Но, денеска постојат голем број на различни типови на машки фармерки и многумина од вас веројатно се прашуваат каков избор да направат. Наместо да се фокусирате само на стилот или бојата, исто така треба да ја земете предвид и вашата телесна состојба.

Вистинските фармерки ќе ви овозможат да се чувствувате комотно и да се движите без проблеми. Ако се мачите да ги најдете совршените фармерки кои ќе ви прилегаат добро, тогаш во прилог ви носиме неколку предлози и совети кои ќе ви помогнат да ги изберете вистинските фармерки за вас.

Loose Fit

Фармерки

Овие фармерки се најпространи од сите, со широк обем. Нудат голем простор за нозете, бутовите и задникот. Ова одлично за мажи кои имаат форма на телото на „превртен триаголник“, со оглед на тоа дека додаваат малку „широчина“ во долниот дел од вашето тело. Ногавиците треба да бидат пространи, но не премногу.

Ваквиот тип на фармерки имаат „кежуал фит“, па изгледаат одлично кога се во комбинација со маичка или кошула.

Relaxed (Classic Fit)

Ваквиот тип на фармерки имаат лабав „фит“ од половината па надолу, но особено се добри за мажите кои имаат триаголна форма на телото. Овие мажи се пошироки околу половината и колковите за разлика од горниот дел на телото. Често, тие имаат проблем да си најдат соодветни облеки кои ќе направат нивното тело да изгледа пропорционално. Овие фармерки се идеални за овој тип на тело бидејќи не притискаат ниту еден дел од телото. Плус, помагаат да се креира баланс и илузија за формата.

Regular (Straight Leg)

Фармерките со прави ногавици одржуваат еднаква ширна од колковите до долните рабови. Идеално за покрупни мажи со мускулесто тело. Често пати за нив е тешко да најдат фармерки поради големината на потколениците, листовите и квадрицепсите. Во ваков случај, најдобро е да се изберат Regular Fit фармерки. Тие не се премногу тесни и не премногу широки. Тие се доволни пространи без да изгледаат широко, но сепак доволно фит за да го нагласат вашето тело.

Slim Fit

фармерки

Спротивно на општото мислење, овие фармерки не се погодни за крупните мускулести мажи. Slim Fit фармерките се малку тесни, но не онолку како Skinny Fit. За оние кои сакаат ваков тип на фармерки, изберете ги оние кои имаат малку еластичност во себе. Slim Fit фармерките се исто така идеални за потенките и повитките мажи, оние со мали рамена, рамни гради и лесна градба. Избегнувајте да носите тесни маички бидејќи само ќе ве направат да изгледате послаби и потенки. Овие фармерки се идеалн и за оние кои имаат дефинирана мускулна маса но не се премногу крупни. Со оглед на тоа дека нивниот горен и долен дел се пропорционални, носењето фаpмерки кои се малку потесни нема да ги нарушат нивните визуелни пропорции.

Skinny Fit

Овој тип на фармерки се најновиот додаток во семејството на машки фаpмерки. Ова се најтесните од сите типови на џинсови. Генерално, овие фармеpки се поделени во две категории – стандардна и spray-on. Вториот тип на фармерки имаат исклучително тесен отвор кај глуждовите и се впиени со нозете се до долниот дел. Често, тие содржат високо ниво на еластин, кој им дава елемент на удобност и леснотија при носњето. Со оглед на тоа дека се прилично тесни, овие фармерки најдобро им стојат на мажите со добро одржани тела кои имаат добра пропорција. Одлични се за прикажување на фигурата и се идеални за мажите со спортска градба.