фризура

Да имате добра фризура, не е квантна физика. Наоѓате бербер/фризер, пожелно во близина каде работите или живеете и ја добивате истата фризура и третман постојано. И тоа не е лошо, освен што е потребно да ги имате на ум овие неколку работи, следниот пат кога ќе седнете на столчето. 

Неопходен ви е добар фризер/бербер

Пребарајте ги социјалните медиуми, читајте критики и прашајте некој чиј стил ви се доаѓа, каде ја потстрижува косата. Може да е пријател, колега или пак непознат човек на улица. Не е ништо страшно, ако му дадете комплимент и побарате да ви го посочи својот бербер. 

Пребарајте

Социјалните медиуми како Facebook и Instagram се супер прилика да видите дали ви се допаѓа работата на некој фризер пред да седнете на неговото столче. Понатаму, дефинирајте го својот облик на главата со помош на интернет пребарувачот и по тоа ќе видите каков вид фризура најубаво би ви прилегал. Секогаш можете да го консултирате и својот фризер и да добиете некоја интересна идеја. 

Зборувајте јасно и гласно

Пред да посегне со ножиците или машинката по вашата коса, споделете со својот бербер како ја одржувате, кои производи ги користите, колку време на располагање имате за косата.