Никој досега не ја нашол „формулата за среќа“. Но личната склоност е многу важна, па така во реалноста најсреќните луѓе не се тие кои имаат се туку тие што го извлекуваат најдоброто од тоа што го имаат. Исто така и секоја личност различно се справува со предизвиците кои ги носи животот. Можностите за да ги надминеме проблемите, да ги надминеме моментите на тешкотија со поголема свесност и јасност и да го намалиме стресот се големи. Еве едноставни и ефективни вежби, кои траат само 5 минути кои можат да помогнат:

1. Дијафрагмално дишење: легнете и ставете ја едната рака на градите, едната на стомакот. Полека вдишете низ носот, така што ќе внимавате градите да не се подигнат, односно ќе направите максимално вдишување при што дијафрагмата ќе се спушти повеќе, издишете низ уста. Повторете ја постапката барем десет пати. Овој вид на дишење е еден од наједноставните и најефикасните начини за смирување, така што гласот станува појасен а напнатоста се намалува.

2. Весела песна: Ставете ги слушалките и пуштете си ја песната која ве развеселува, на пример Happy од Фарел. Постојат неколку студии кои покажуваат дека оваа едноставна вежба може да има ист ефект како и медитацијата, го ублажува стресот и го чисти умот од лоши мисли. За појачан ефект можете да слушате балади, кои според истражувањата, доведуваат до лачење на ендорфин кој не се излачува константно во организмот, туку се создава во состојби кои се болни или многу пријатни. Или на пример допаминот. Хормонот на еуфорија, кој е поврзан со задоволството и механизмот на наградување. Дополнително на слушањето весела песна е и да направите нешто што ќе направи да се чувствувате задоволни, како на пример да завршите некоја тешка и комплексна задача, со која по завршувањето ќе си докажете дека „можете“ и ќе се чувствувате задоволни. Ова настанува благодарение на допаминот кој се излачува од хипоталамусот.

3. Прегратка: Не секогаш сме свесни за моќта на прегратката. Прегратките, но и бакнежите или галењата (доењето го има истиот ефект кај новороденчињата), се едни од најдобрите начини за стимулирање на окситоцин, хормонот кој предизвикува задоволство, нежност и приврзаност.

4. Трите добрини: На крајот од денот запишете ги трите добри работи кои ви се случиле во текот на денот, но исто така забележете и зошто тие ве натерале да се чувствувате „добро“. Ви помага да се фокусирате на вашите достигнувања, да ја зголемите самодовербата или да развиете благодарност кон луѓето што се околу вас. Ова е најефикасната вежба за среќа според Мартин Селигман, основач на позитивната психологија.