Мајк Цукерберг стана најмладиот милијардер кој самиот го стекнал своето богатство со само 23 години, кога вредноста на Facebook ја надмина границата од 1 милијарда долари. Оттогаш, тој го зголеми своето богатство на вртоглави 74 милијарди долари колку што вреди денес, според Forbes. Но, сега, Цукерберг е на прагот да ја предаде својата титула на член од Кардашијан-Џенер кланот.

Кајли Џенер, според нејзиниот Forbes профил, во моментов вреди 900 милиони долари. Таа има само 20 години. За една година, нејзината вредност се очекува да ја надмине „магичната“ граница од една милијарда долари, во истиот момент кога ќе стекне легална возраст за конзумирање на алкохол во САД. Тоа ќе ја направи најмладиот милијардер кој сам го стекнал своето богатство, без оглед дали станува збор за маж или жена, со што ќе го сруши рекордот на Цукерберг од 2008 година.

Најголемиот дел од богатството на Џенер доаѓа од нејзиниот бренд за козметика, Kylie Cosmetics, кој продава комплети за усни и друга шминка. Според проценките на Forbes, компанијата вреди 800 милиони долари, а сето тоа го поседува Џенер. Останатите 100 милиони доаѓаат од помали сопствеништва, даночни дивиденди и од реалното шоу на нејзината фамилија. Таа исто така е најбогатата Кардашијан-Џенер, победувајќи ја Ким Кардашијан Вест за неверојатни 550 милиони долари.

Џенер

Така, доаѓаме до ситуација кога се уште актуелниот сопственик на рекордот на самостојни милијардери, човекот кој ги создаде социјалните медиуми и стана еден од највлијателните луѓе во историјата, е на прагот да го загуби својот примат од младата девојка која израсна во реално ТВ шоу, а потоа ја претвори својата слава во пари.