Последниот бизнис потег на Кајли Џенер, може да го претвори нејзиното бјути катче во империја за убавина.
Рано годинава, Кајли Џенер стана најмладата милијардерка во светот. Нејзиниот следен чекор е придвижување на својата линија за убавина кон горе. Американскиот гигант за убавина Coty, кој поседува брендови како CoverGirl, Clairol и OPI, деновиве откупи 51% од акциите на Kylie Cosmetics за 600 милиони долари.
„Возбудена сум за партнерството со Coty и сметам дека така ќе добиеме повеќе обожаватели на Kylie Cosmetics и Kylie Skin. Ова партнерство ни овозможува мене и на мојот тим да се фокусираме на развивање квалитетни производи, додека истовремено брендот се развива со интернационални води“, изјави Џенер, која сè уште останува заштитно лица на Kylie Cosmetics.
Од самото создавање во 2015, според Forbes, Kylie Cosmetics вредеше 800 милиони долари. Денес брендот на Кајли Џенер, според последните пресметки чини 1.2 милијарди долари.