Ако кафето ве прави нервозни или не ви дозволува да заспиете, но од друга страна сакате да го пиете тогаш барајте некоја друга алтернатива за него. Без да се грижите за вкусот има многу алтернативи кои доаѓаат „без кофеин“. Кафето може да биде здраво, а е и омилен пијалок наутро, но, според едно американско истражување, пиењето повеќе од четири чаши на ден може да биде лошо за нашето здравје и да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Роибос чај– Чај кој се подготвува на ист начин како и обичниот црн чај. Освен што е преполн со антиоксиданси, роибосот не содржи ниту кофеин ниту теин, што го прави совршен партнер за секој што сака да ја намали на конзумирање на стимуланси.
Masala chai– Ова не е специфична билка туку пијалок кој најчесто се прави во Индија. Овој пијалок е мешавина на чај, зачини и млеко. Најчесто се прави со употреба на црн чај на кој се додаваат кардамон, каранфилче и цимет, понекогаш дури и рендан ѓумбир пред да се додаде млекото. Овој ароматичен пијалок е толку вкусен, што ќе ве натера да заборавите на досадното старо кафе.
Цикорија– Здрава замена која е направена од корен на cichorium intybus. Се обработува како зрна кафе, се суши, пече, потоа се меле и се ароматизира. Прашокот потоа се меша со вода или млеко притоа добивајќи „безкофеинско кафе“.
Јачмен– Она што Италијанците го нарекуваат „caffè d’orzo“. Како и кафето од цикорија, овој пијалок во голема мера станал познат за време на Втората светска војна како замена за кафе во време на недостиг и рационализација. Овој пијалок поради малку горчливиот вкус потсетува на кафе исполнето со кофеин, но има блага лешникава нота.
Superlatte– Збор кој дефинира пијалок кој е комбинација на лате и смути… Овие мешани пијалоци се направени од растително млеко (бадем, кокос, овес, ориз) помешани со овошје, зеленчук и зачини. Додадете лажица мед или сируп од агаве и добивате суперлате кое е здрава замена за кафето.