Откако ја освои публиката во Венеција, па според нив и критичарите заслужи 8 минути стоечки овации, Joker се појавува на големото платно.
Психолошкиот трилер ја доживеа својата премиера на Венецијанскиот филмски фестивал во август годинава. Од 4 октомври е достапен во кино салите ширум светот.
Режијата за Joker ја потпишува режисерот Тод Филипс, а сценариото е соработка со Скот Силвер. Приказната на филмот е базирана на ликот од стриповите на DC Comics, а Јоаким Феникс ја толкува главната улога. Актерот за улогата драстично ја намалувал својата тежина. Тоа станало толку сериозно што сцените биле снимани само еднаш, без можност за повторување.
Тројца од актерите кои претходно ја толкувале оваа улога, Џек Николсон, Хит Леџер и Џеред Лето се добитници на Оскар. Леџер ја доби статуетката, токму за оваа улога. Дали и Феникс го чека четврта номинација за Оскар и дали ќе замине со награда дома, останува да видиме во февруари.
Резервирајте го 4 октомври за пуканки и новото остварување за Артур Флек, алијас Џокер.