Joker, во режија на Тод Филипс со Јоаким Феникс во главната улога претставува успех по сите параметри на кинематографијата. Тоа значи дека Warner Bros веќе разгледува нови DC приказни со слична тематика, а Тод Филипс ја полни својата каса. Буџетот за изработка на филмот изнесуваше 60 милиони долари, а досега има заработено повеќе од 1 милијарда. Со тоа станува четвртиот филм со заработени повеќе од милијарда долари после Aquaman, The dark Knght Rises и The Dark Knight. 

Режисерот Тод Филипс и актерот Јоаким Феникс

Режисерот Филипс сега има отворени раце да избере која било приказна од DC универзумот, а неговиот интерес е свртен кон оригиналните приказни за потеклото на негативците. Па така, изворите кажуваат дека е многу веројатно да ја видиме и приказната за Лекс Лутор, негативецот на Супермен, во режија на Филипс. Што ново ќе роди режисерската палка на Тод Филипс, останува да видиме.