Американскиот бренд за производство на виски го лансираше Little Book 3: The Road Home.Станува збор за високо квалитетно и луксузно издание на Jim Beam со вредност од 125 долари во лимитирано издание.
Во 2017 година, Фреди Но, дел од осмата генерација производители на бурбони, создаде микс кој го нарече Little Book. Името е инспирирано од неговиот дедо, Букер Но, легенда во производството на алкохол во Кентаки.
Рецептот за третото шише кое во себе содржи 61.3% алкохол е дизајн на Фреди Но. Во него ќе најдете 9 годишен Knob Creek, 9 годишен Basil Hayden, 11 годишен Booker и 12 годишен Baker.
Според компанијата Beam Suntory, истакнатите ноти на ванила, дрво и карамела од Knob Creek и Booker отвораат убав простор за зачинетоста на Basil Hayden. Количината на Baker додава еден долготраен, топол и сладок финиш благодарение на дабовите тонови.
„Конкретниот микс има сентиментална вредност за мене. Секој од овие бурбони е за мене специјален, исто како што му беа на дедо ми. Сакав да сум сигурен дека би се гордеел со финалната верзија. Секој аспект на Little Book 3 мораше да е апсолутно совршен – нотите на ванила, финишот, аромата“ вели Но. Цената на едно шише изнесува 124.99 долари. Jim Beam Little Book Chapter 3 е достапен во ограничени количини.