Jil Sander во новата машка колекција за сезоната Пролет 2021 ги истакнува чистите и влијателни линии. За креативните директори на брендот Луси и Лук Меер машката облека е нивна природна територија. Нивните принципи на дизајнирање се усогласуваат со класичните техники за кроење, кои се суштински во оваа категорија.

Сепак низ целата колекција има проткајано нешто различно кое не е ригидно и формално, но е правилно кроење со пријателско поактивно чувство. Во оваа колекција се гледа мостот помеѓу крутоста и прилагодливоста, геометрија и чувствителност, допир и вид. Изборот се сведува на неутрални тонови кои ја презентираат практичната едноставност но и класичната линија на Jil Sander.