Канадскиот дизајнер Jean-Michel Rochette дизајнираше преклоплив OLED телевизор кој има форма на книга, како дел од Dezeen и LG Display’s OLEDs Go! натпреварот. Овој телевизор се одликува со флексибилен OLED дисплеј кој се преклопува во центарот како корицата на книгата, додека пак кога е затворен се користи како звучник и амбиентално светло. Дизајнот е наменет за клиенти кои не сакаат нивниот телевизор да доминира во просторијата кога не се користи, па поради тоа кога е затворен уредот е покриен со текстил кој не отскокнува. Целта на дизајнерот е симбиоза на дизајнот и технологијата. Единствена негативна страна на дизајнот е тоа што отварањето се прави рачно.