За прв пат по девет години, Јапонија го зазема приматот кога станува збор за рангирањето на најбрзиот суперкомпјутер на светот. Развиен од страна на Riken и Fujitsu, Fugaku системот го симна IBM од врвот, кој претходно го држеше првото место во Top500 во 2019 година.

Инсталиран во Riken центарот за компјутерска наука (R – CSS) во Кобе, Јапонија, Fugaku системот е наследник на K компјутерот, кој претходно беше прогласен за најбрз суперкомпјутер на светот во 2011 година. Според Top500, новиот Fugaku достигнал LINPACK (софтверска библиотека) резултат од 415,5 петафлопс, што е 2,8 пати побрзо од најголемиот конкунрент, Summit на IBM, кој достигна 148,6 петафлопи. Напојуван од 48-јадрениот A64FX SoC на Fujitsu, Fugaku исто така стана првиот број еден суперкомпјутер кој користи ARM процесори. Освен тоа, на HPCG, Fugaku достигнал 13.400 терафлопи користејќи 138,240 компјутерски јазли, а на HPL-AI (конвергација на високо перформансно работење и вештачка интелигенција), системот достигнал 1.421 ексафлопи, што е за прв пат еден компјутер да достигне ексаскална оценка на било која листа, користејќи 126,720 компјутерски јазли.

Fugaku

Подготвен да биде целосно оперативен до април 2021 година, развојот на Fugaku е дел од националниот план да се помогне при адресирањето на социјалните и научните проблеми, вклучително и наоѓање лек за Covid-19. Новиот суперкомпјутер веќе се користи за симулации при истражувањето како вирусот се шири. Заедно со помагањето за време на актуелната глобална здравствена пандемија, Fugaku исто така ќе се користи во области како што се природни катастрофи, временски и климатски промени, отктивање на дрога и развој на чиста енергија.

Покрај тоа што го зазеде врвот на Top500, Fugaku исто така е прогласен за најдобар од страна на HPCG и Graph500, со што за прв пат во историјата еден суперкомпјутер ги освојува сите три награди истовремено.