Во ново ограничено издание Jameson произведува виски кое е зачинето со ладно кафе. Jameson Cold Brew, новиот производ на компанијата, наликува на Jägermeister Cold Brew Coffee. Но рецептурата е различна, Jameson Cold Brew е комбинација на вкус на ладно кафе и ирско виски, со што е интезивирана нотата на Арабика. Овој алкохолен пијалок со богата арома во својата мешавина има и кофеин.