Швајцарскиот производител на луксузни часовници Jaeger-LeCoultre го слави својот иконски модел Reverso со најсложениот часовник. Првиот часовник во светот со четири функционални лица, Reverso Hybris Mechanica Caliber 185 може да се пофали со низа иновативни технологии, и носи дванаесет патенти. Производството е ограничено на само 10 парчиња. Hybris Mechanica на комапнијата за прв пат бил воведен во 2003 година во Atmos Mystérieuse. Летечкиот турбион со оглед на тоа што не располага со горен мост со цел да се понуди непречен поглед на механизмот, е поставен на позиција на 7 часот. Ова овозможува синхронизација на сите информации. Jaeger-LeCoultre ги обединува трите орбитални периоди, со што часовникот може да утврди астролошки настани како затемнувања. Комплексноста го прави доста уникатен и технолошки напреден.