Jaden Smith x New Balance минатиот месец ги лансираа патиките Vision Racer во „Wavy Baby Blue”, а овој месец ја прошируваат соработката со уште еден модел. Овој модел е составен од бела, сина и жолта боја и е доста добро прифатен од фановите на ѕвездата. Vision Racer е инспирирана од омилените New Balance силуети на ѕвездата 1700 и X-Racer.

Овој хибрид на горниот дел има мрежа покриена со велур. Богата морнарска сина боја која се појавува на дел од патиката, на работ од рефлектирачкото N лого се користи и на дел од јазичето. Долниот масивен дел од Vision Racer е поделен на три блокови, и е направен од рециклирана пена, гума и рицинусово масло. Ваквиот тип на патики се доста голем хит. Овој модел се очекува да излезе во продажба на 10-ти август.