Неколку недели по официјалното започнување на партнерството помеѓу J Balvin и McDonald’s, конечно претставена колекцијата. Освен вообичаените парчиња облека како дуксери, џемпери, маици, капачиња, очила за сонце… колекцијата брои и престилки, постелнини, ќебиња, часовници, килими, влечки.

Целата колекција е во боите на последниот албум на музичарот „Colores“ кои се доста живописни и впечатливи. Со оваа соработка во рестораните на McDonald’s ќе биде понуден и J Balvin Meal кој ќе содржи Big Mac, помфрит со ќечап и Oreo McFlurry. Со цена од 4 до 190 американски долари, колекцијата на J Balvin и McDonald’s е достапна во J Balvin Merch продавниците.