Бункер кој изгледа како да е изваден од научнофантастичен филм е активиран. Овој бункер е изграден за да го смести израелскиот национален центар за управување со кризи и да служи како место од кое израелската влада може безбедно да управува со Израел за време на голема криза.

Причината за овој потег е зголемениот број на луѓе заразени со Ковид-19. Интересно за овој објект е тоа што локацијата на овој објект не се држи во тајност. Овој објект е изграден во 2006 година по војната во Либан, а во моментов во него е сместен кризниот штаб и други побитни институции како што се Министерството за надворешни работи, Кабинетот на премиерот…

Овој комплекс кој е сместен длабоко под земја е во состојба да смести и опслужи стотици луѓе во случај на нуклеарна, биолошка или хемиска војна. Интересно нели?!