Уметникот Jared Zaugg, се обидува да го изрази духот на патување, авантура и истражувањето со ослободување од типичните автомобилски изложби надвор од границите на внатрешниот простор. Па така во чест на најдраматичните сценарија на земјата тој создава изложба на отворено насловена „Porsches in nature“. Наместо да има изобилство на модели и брендови, тој се ограничува да прикаже колекција на иконски модели од германскиот бренд.

Целта во оваа изложба насловена „Porsches in nature“ не е само прикажување на автомобилите туку и откривање на бесконечниот и возвишен пејзаж. Овој потполно единствен концепт содржи 30 иконски модели прикажани на позадина која ја истакнува слободата за авантура која овие автомобили треба да ја претставуваат. Но од друга страна симболиката на заштитната кутија во која се сместени автомобилите воведува оптички ефект на рибник.

Уметникот сака да ги хибридизира модерната уметност, индустриската уметност, еколошката уметност и ликовната уметност. Автомобилите ќе бидат поставени на растојание од 8-16 километри, а времетраењето на изложбата ќе биде три до четири месеци со почеток на пролет 2022 година.