„Микица Трујкановиќ е енергичен и страстен сликар. По подолгата пауза од чистото сликарство решава да се врати исклучиво и само на предизвикот на големото бело платно и бојата, без други примеси, и да биде директен учесник во битката меѓу непознатото и енергијата на немирниот дух, кој сака да се плисне врз пространиот непознат простор и да го освои.

Исклучително силна по карактер, неверојатно полна со живот и емоции, страсна и кога сака и кога мрази, предадена кога нештата ги чувствува за свои, внимателна кон сите предизвици, немирен дух кој шири позитивна енергија и освојува… се само дел од особините што ја опишуваат како личност, но истите тие елементи се провејуваат и низ нејзините слики” – пишува Ана Франговска како куратор на изложбата на Микица Трујкановиќ, која се отвори вчера.

А ние имавме можност да се увериме во тоа, но и да уживаме во посебната релаксирана и забавна атмосфера, несвојствена за повеќето ликовни изложби, а тоа го потврдија неверојатниот број на гости и посетители.