Богатата историја на луксузниот британски производител на автомобили е дел од новата книга „The Impossible Collection of Bentley: The 100 at 100″ на издавачката куќа Assouline.

Пред повеќе од сто години, ниту самиот основач на компанијата Волтер Овен Бентли, ниту некој друг би можел да го замисли влијанието што неговата визија ќе го има врз автомобилската индустрија.

Во книгата се содржани детални критики, објаснувања за инженерството, производните процеси, различните креативни патишта што Бентли ги преземал во дизајнирањето на секоја од овие 100 автомобили. Страниците на книгата се сместени во рачно изработена кутија од кожа.