Лошата и неквалитетна исхрана доведува до потреба за непрестано грицкање и постојано чувствување на глад. Изборете се со гладот и со себе си внесувајќи храна која ќе ве држи сити долго време. Клучно за да останете сити со помал внес на храна во текот на денот е исхраната која ја практикувате да ги оправдува внесните калории. Доколку се придржувате на тоа, шансата за посегнете по нутела е многу мала.

Црн грав

Благодарение на високото ниво на растителни влакна, кои обезбедуваат побавна дигестија и подобра контрола врз нивото на шеќер во крвта, мешунките како црниот грав имаат моќ врз борбата со глад, а при тоа се нискокалорични (100 гр црн грав има 100 калории).

‘Ржан леб

‘Ржаниот леб е одлична замена за белиот леб. Сите оние кои ќе јадат ‘ржан леб подолго време ќе останат сити, а желбата за јадење односно грицкање ќе биде помала. Тоа се должи на високото ниво на влакна. ‘Ржот може да го внесете низ разни продукти како снегулки, тестенини и слично.

Лосос

25-30 грама протеин во еден оброк ќе помогне во убивање на чувството на глад. Лососот во желудникот се вари бавно и праќа сигнали за ситост до мозокот подолг временски период. Плус, лососот е богат со омега 3 масти кои дополнително го намалуваат апетитот.

Бадеми

Бидејќи ужините може да се и здрави доколку се во правилната временска рамка на планот на исхрана, кога ќе ви дојде желба за грицкање земете една рака бадеми. Бадемите се богати со здрави масти, протеини и влакна.

Спанаќ

Спанаќот покрај многуте витамини ( К, А, Ц, фолна киселина, рибофлавин) и минерали (магнезиум, калиум, манган, железо и калциум), содржи и голема количина на тилакоиди кои се одговорни за регулирање на некои од хормоните за глад и ситост.