Дали сте забележале дека додека се допишувате со пријателите на телефон, главата ја држите наведната надоле? Дали сте забележале во каква положба ви е телото додека седите на работното место?
Сите овие несвесни навики кои ги имате го оштетуваат вашиот ‘рбет. Оштетувањето кое несвесно го правите не се однесува само на вашиот ‘рбет, туку и на органите. Правилното држење на телото може да помогне во олеснување на болката во грбот и вратот, и многу повеќе.
Експертите велат дека лошото држење на телото може да биде водечка причина за болки во вратот, рамената и грбот. Исто така, може да предизвика посериозни проблеми на целокупното ваше здравје.
За да си олесните треба да внимавате на држењето на телото додека сте на работа, доколку поминувате поголем дел од денот во автомобил треба да внимавате на природната кривина на `рбетот, неправилното спиење или лошиот избор на душек и перница се непријатели на вашиот `рбет и не заборавајте дека континуираното вежбање ќе ја зајакне мускулатурата и ќе ја подобри положбата на телото.
Во моментов, има многу различни видови на помагала за правилно држење на телото на пазарот. Немора веќе ни да се грижите дали помагалата ќе ви се познаваат под облеката, бидејќи постојат многу помагала кои се толку тенки или мали и воопшто не се забележуваат.
Ако не ви се допаѓаат ваквите помагала можете да побарате уреди што ќе ви помогнат да ги решите проблемите со држењето на телото. Еден од тие уреди кои се покажал како многу добар е Upright GO. Овој мал уред се поставува на грбот со специјална лепенка и додека е таму го следи вашето држење до 10 часа. Ако забележи дека држењето на телото е неправилно тој нежно вибрира и ве потсетува дека треба да се корегирате.
Без разлика дали ќе користите некое помагало, уред или ќе внимавате на држењето, имајте на ум дека целокупното ваше здравје зависи од тоа.