Тајванската здравствено-технолошка компанија iWEECARE објави дека нивниот производ Temp Pal е најмалиот термометар кој се носи и кој за време на пандемијата доста помогнал во борбата со КОВИД-19. Всушност овој Temp Pal е систем за континуирано следење на температурата кој може да го намали ризикот од инфекции со давање на рано предупредување за треска и помагање во превенција на пренатрупани здравствени системи преку намалување на физичкиот контакт. Овој термометар се состои од мек дел кој се лепи за телото кој има батерија која трае до 36 часа, и апликација кој алармира кога температурата на телото ќе се покачи.

Термометарот Temp Pal може да се користи на два начина: во здравствените установи им овозможува на здравствените работници да го намалат директниот контакт со пациентите и да ја следат температурата во реално време на илјадници пациенти во cloud и кога заедницата спроведува политика за само-карантин да им помогне на јавните здравствени власти да ја следат температурата на луѓето под карантин од далечина.