Пандемијата можеби одложи голем број на лансирања на часовници, но како што велат, најдобрите работи вреди да се почекаат. Оваа недела може да се почувствува колективното задоволство кај сите колекционери на часовници ширум светот, со тоа што брендовите не само што лансираат ограничена серија на модели, туку пристигнуваат и изложбите, конечно.

На пример, Jaeger-LeCoultre ги здружи силите со стилскиот снабдувач Mr Porter за да ја канализира уредноста на Kingsmen во своите ултра тенки часовници, додека HYT го прави својот познат H20 часовник кој и пркоси на физиката во смела црвена нијанса. За оние кои не можат да дочекаат да се вратат на море, IWC и Orlebar Brown го изработија Portugieser. Сите овие заедно со уште еден Rolex Daytona кој испишува историја во аукцискиот блок.

Jaeger-LeCoultre x Mr Porter ограничена серија Kingsman часовници

Jaeger-LeCoultre и Mr Porter се два бренда кои знаат нешто за остриот изглед, па затоа не е изненадување што се здружија да создадат часовник достоен за агентите од тајните служби. Master Ultra Thin Kingsmen Knife часовникот е ограничено издание од 100 парчиња што е дел од колекцијата на The King’s Men costume-to-collection серијата. Jaeger-LeCoultre се осврна на своето историско мајсторство кога станува збор за ултра тенките калибри за овој проект, конкретно инспирирајќи се од од својот Couteau џебен часовник од 1907 година, за да го креира овој 40-милиметарси neo-vintage часовник. Секој часовник доаѓа со изгравиран „One of 100“ натпис и е спакуван во специјално пакување.

Овој Rolex Daytona стана најскапиот автоматски хронограф на светот

Rolex Daytona

Познато е дека Rolex Daytona e еден од најпосакуваните часовници на светот, но сега го надмина тој статус и стана најскапиот автоматски хронограф досега продаден. Познат како Reference 16516 меѓу инсајдерите, часовникот беше продаден за 3,27 милиони долари на Sotheby аукцијата за часовници во Хонг Конг минатиот викенд.

Ова е единствениот познат Daytona часовник од платина со lapis lazuli бројки, а синото лице одговара на светлото тиркизно ременче. Во внатрешноста, часовникот се одликува со калибар 4030 автоматско движење, кое е базирано на Zenith El Primero, пред Rolex да го замени ова една година подоцна во 2000 година со сопствен калибар.

Сепак, и покрај тоа што е најскапиот Rolex Daytona, овој часовник е далеку од најскапиот Daytona часовник воопшто, со оглед на тоа дека овој примат му припаѓа на Paul Newman Daytona кој е продаден за 17,75 милиони долари.

IWC x Orlebar Brown Portugieser

Не може да постои подобро време за ова партнерство од сега кога летото официјално започна. Познат по своите резорт облеки, Orlebar Brown беше ангажиран за да го искористи своето искуство за Portugieser Yacht Club Chronograph Edition „Orlebar Brown“, заедно со колекцијата на резорт облека составена од девет парчиња.

Наутичкиот хронограф, кој е отпорен на вода до шест бари, изработен е од нерѓосувачки челик со морско-сини, бели и црвени бројки – сите бои што Orlebar Brown ги користи најчесто. Робусниот часовник е опремен со сино гумено ременче обложено со текстил.

Laurent Ferrier за прв пат работи со титаниум

Во знак на прослава на својата 10-годишнина, независниот швајцарски производител на часовници Laurent Ferrier го создаде Classic Origin Opaline. Часовникот со опалински детали можеби ги нема сите ситници што се очекуваат од врвен производител како Ferrier, но сепак е претставник на мајсторството во изработката на еден бренд.

За ова, Ferrier повторно го објави своето Classic куќиште, овојпат користејќи титаниум Grade 5, наместо вообичаеното злато или челик. На бројчаникот, препознатливите елементи вклучуваат и покажувачи за минути и секунди во Assegai форма, кои се придружувани од мал прикажувач на секунди на сива позадина со бројки во бургунди боја за читливост.

HYT лансираше „еден од пет“ ограничена серија часовници

HYT продолжува со своите прекрасни часовничарски изведби со H20, само што овој пат интригантниот часовник добива пурпурно ажурирање. Достапен во мошне ограничена серија од само пет единици, ова специјално издание е чудо на инженерството сместен во куполен кристал, дизајнирано да личи на ситно камче кое е доведено до совршена мазност.

Како и обично, времето се прикажува преку патентиран микро-флуиден модул што го опркужува движењето со црвена течност која миунва низ бројчаникот како што одминува времето.

Vacheron Constantin ги прикажува своите часовници во MBS

За да ја илустрира својата традиција на прецизни часовници и спортски модели од 40-тите години, Vacheron Constantin се послужи со своето богато наследство од 1.300 часовници за да ги избере најрепрезентативните од различни период и трендови. Овие прецизни инструменти, особено хронографите, сега се гордо изложени во Marina Bay Sands од сега па се до 24 август во бутикот Vacheron Constantin.

Некои од најзначајните часовници кои треба да се погледнат се 222 – челичен часовник со интегрирана нараквица која ја прославуваше 222-годишнината на марката во 1977 година, како и Phidas – елегантен светски тајмер кој во целост беше во согласност со преовладувачката демократизација на воздушното патување.