Новата колекција за очила на италијанската модна куќа Salvatore Ferragamo е наречена Italian Roads. И како се што е поврзано со Италија изгледа одлично. Овој дизајнер кој го направил првиот пар чевли на деветгодишна возраст и кој се издигнал како луксузен дизајнер кој дизајнира многу повеќе од само чевли сега, знае да го претстави своето дело во најдобро светло.

Па така оваа колекција, Italian Roads, на очила дефинитивно и прилега на името. Фотограф на кампањата е Лукас Пуковиец, додека модели Бакај Дијаби, Андреа Кваранта и Менг Ју Чи. Доловувајќи ја модната елеганција триото едноставно ги краси дизајните на Пол Ендру. Елегантните очила за сонце се утопиле со играта на текстуралните ефекти, емајл деталите и контрастните завршетоци што наведуваат на детално сработено дело на кое му се обрнало внимание.