Името на тајниот проект на Google на кој се работело 10 години го носи името Oxygen Project, a ги открива најдобрите карактеристики кои треба да ги поседува еден шеф.
Кога имате добри тимски лидери и менаџери, не само што ќе создадат околу себе квалитетен тим, туку и ќе вложат повеќе да останат во компанијата. Токму затоа, веќе 10 години Google се обидува да ја открие дефиницијата за совршен менаџер. Според заклучокот, техничките познавања се многу помалку важни од очекуваното. Најважна е емоционалната интелигенција. Во прилог, 10-те карактеристики кои треба да ги поседува добриот (да не речеме, совршениот) претпоставен според Google.
- Добриот шеф е добар тренер – Наместо да го реши проблемот, добриот шеф ја користи приликата да го пренесе своето знаење и да му помогне на вработениот заедно да го решат.
- Не ги микроменаџира тимовите – Туку им ја дава на членовите слободата да истражуваат, да преземаат ризици, да прават грешки.
- Им обезбедува психолошка доверба на вработените – Прави вработените да се чувствуваат сигурни дека нема да бидат исмејувани, понижувани или помалку вреднувани, ако погрешат или постават прашање.
- Добриот менаџер е продуктивен и ориентиран кон остварување резултати – Поставуваат добар пример за својот тим работејќи и не се плашат да ги засукаат ракавите и да ги мотивираат своите вработени.
- Добриот шеф е добар слушател – Активното слушање на своите вработени помага во развивање емпатија, меѓусебно запознавање и градење доверба.
- Добриот претпоставен го поттикнува напредокот – Не само на работата, туку и на градење на понатамошната кариера на своите вработени. Ги споделуваат своите проценки и помагаат во професионалниот развој на вработениот.
- Има јасна стратегија и цел за својот тим – Преку добра комуникација со тимот, добриот менаџер знае каде се наоѓа неговиот тим во моментот, каде треба да биде и како да стигне до таму.
- Добриот менаџер ја познава работата – Тој не е тука само да шефува, туку и самиот ги познава секојдневните обврски на своите вработени. Така го познава нивниот капацитет и секојдневните предизвици.
- Остваруваат соработка – Лошите менаџери ги саботираат другите тимови, додека добрите работат за општото добро на компанијата.
- Донесува јасни одлуки – Добриот менаџер не е импулсивен туку аналитичен и промислен во донесувањето одлуки. По разгледување на фактите и перспективите, ги привижуваат работите, дури и ако некому тоа не му одговара. И остануваат доследни на своите одлуки.