Мажите се во шок. Според најновите истражувања,  жените се подобри возачи од мажите.

Најново истражување спроведено на територијата на Обединетото кралство покажува дека жените се посигурни и побезбедни возачи кои прават помалку автомобилски несреќи. Од 600.000 сообраќајни незгоди кои се случиле во Англија, 79% биле предизвикани од страна на мажи, што значи дека жените се одговори за само 21% од сообраќајните незгоди. 

Но, тоа не е сè. Истражувањето покажало и дека жените се значително попримерни во почитување на законите, па само 5% од жените добиле казна за брзо возење, додека 1% од жените возеле под дејство на алкохол. Кај мажите таа приказна е малку поинаква, бидејќи 24% од мажите добиле казна за брзо возење, а 5% за возење под дејство на алкохол. 

Дали ова се должи на сигурноста во себе која мажите ја имаат, а кај жените помалку недостасува кога е во прашање возењето, па внимаваат повеќе, не е ниту важно. Важно е дека истражувањето го зема предвид само возењето, а не и паркирањето, па можеби токму затоа жените водат.