По соработката со њујоршкиот дизајнер Нао Тамура за механичкиот часовник кој отчукува шестпати во секунда, Issey Miyake сега се здружува со познатиот германски индустриски дизајнер Константин Грчич за создавање на уникатен часовник, кој го носи името Roku.

Достапен во црна и сребрена боја, куќиштето на часовникот е замислено во хексагонална форма, во комбинација со минималистички бројчаник, додека сказалките за часови и минути се во триаголна форма со што се комплетира минималистичката и мазна естетика. Roku часовникот се напојува со Seiko VJ21 Quartz, а е заштитен од hadrlex стакло и финиширан со кожно или метално ременче.

Roku

„Roku се посветува на корелацијата меѓу две геометриски тела – хексагонот и кругот. Во јапонската култура, формата често има симболично значење. Куќиштето на часовникот со шест страни се поистоветува со 12 часовната хронометрија. Кружниот бројчаник го прикажува кружното движење на времето. Две силни форми кои се надополнуваат една со друга“, вели меѓу другото дизајнерот Грчич.

Оние кои се заинтересирани да се подноват со овој уникатен Issey Miyake Roku часовник, истиот сега е достапен преку официјалниот сајт на компанијата, а цената се движи од 330 до 380 долари.