Насочен кон помладата генерација iSmove на Niesmann+Bischoff е „glampervan“ идеален за љубителите на моторни домови. Компанијата вели дека продажната точка на неговиот iSmove модел е неговата компактна големина, во комбинација со повеќе внатрешни карактеристики. За сопствениците на нешто вакво, iSmove има за цел да обезбеди возило лесно за маневрирање но и голема удобност.

Тежината од само 3,5 тони не бара специфични возачки вештини и возачка дозвола. Висококвалитетните материјали и разиграниот младешки дизајн го прават доста посакуван и баран. За луѓето кои сакаат да избегаат од град од време на време ова возило има доволно простор за велосипеди и даски за сурфање.

Внатрешноста е паметно осмислена со стаклени кровни панели кои му даваат големина на просторот. Во iSmove е вграден 100 литарски резервоар за вода, литиумска батерија од 100 Ah, како и опционален 125-Watt соларен панел со MPPT соларен контролер.