Versace ја претстави кампањата за Pre-Fall 2021 машката колекција. Овој пат искачувањето на височини е и буквално пресликано во кампањата, па така италијанската модна куќа чекори на отворено и се обединува со моделите Рафаел Балцер и Фернандо Линдез за сезоната. Како фотограф за оваа кампања доаѓа Меклилан кој успешно манипулира со аглите кога станува збор за височините. Versace ги истакнува опуштените силуети на својата Pre-Fall 2021 колекција. А како што е и познато за модната куќа и тука има живописни, повеќебојни отпечатоци кои ги оживуваат црните аспекти на колекцијата. Сето ова е надополнето со „chunky“ чевли и чорапи на кои е забележливо логото на италијанскиот моден бренд.