Националниот спорт на Јапонија, што е иронично бидејќи нејзините жители се сметаат за најслабите на планетава, вклучува борачи со прекумерна тежина кои се борат во рингот. Сумо борачите секогаш не фасцинирале нас обичните луѓе најмногу поради нивната прекумерна тежина.

Вистината е поразлична, од само сало кое го имаат околу половината, бидејќи под сето тоа има муслуки и многу вложен труд. Идеална тежина за еден сумо борач е 180 до 250 килограми. За да се постигне тоа што го имаат сумо борачите не е потребна само сила и флексибилност туку и правилна исхрана, односно вистинска диета.

Бидејќи исхраната е суштински дел од нивната обука, еден сумо борач дневно внесува 20.000 калории, што е 10 пати повеќе од препорачаниот дневен внес на калории на еден здрав и активен маж.

Денот на еден сумо борач започнува во четири или пет часот изутрина со вежби и обука. Изненадувачки појадокот го прескокнуваат, бидејќи прескокнувањето на појадокот го успорува метаболизмот на борачот, па затоа тие обично не јадат до 11 часот. Ова исто така е добро и за оптоварувањето од 10.000 калории кое следи.

Сумо борачите

Главното јадење на сумо борачите е chankonabe (ちゃんこ鍋) или традиционална јапонска чорба исполнета со риба, зеленчук, месо и тофу. Здравиот рикиши, како уште и се нарекува сумо борачот, за да го надополни својот оброк, јаде околу 5-10 чаши ориз и пие големи количини пиво.

По ручекот следи многу битен дел од обуката а тоа е попладневна дремка, која трае и до 4 часа. Крајот од денот го завршуваат со уште еден оброк. Многу фитнес експерти сметаат дека овој спорт треба да се забрани иако сумо борачите велат дека се чувствуваат прекрасно. Сепак мора да признаеме дека нивната исхрана изобилува со протеини и внес на здрави намирници.